Точка

 Што е точка | Архива на настани | Графички материјали |

 

 

 

"SK-320-IB", Ивана Драгшиќ
просторна инсталација

 



Веќе извесно време преку своите дела се бавам со атмосферата која се создава за време на било какви колективни настани или акции. Ме интересира мотивот на луѓето да протестираат, заеднички да одбележуват некој празник, да слушаат како некој држи говор, да гледаат филм у кино… Всушност ме интересира оној момент во кој сечие внимание е насочено кон една работа. Во неколку мои дела ја истражувам оваа појава и сакам да дознаам дали тој момент на фокусирано групно внимание може да се добие по вештачки пат, не спонтано и поради некоја причина (интерес, принуда, забава…).

Во исто време како некоја латентна мини-опсесија, постојано размислувам како да ги третирам општествените појави, проблеми, движења, промени во секое наредно дело. Најчесто наоѓам инспирација во општествените терористи и ситни криминалци – оние кои не зависат од никого, не ги интересира ништо друго освен задоволување на нивниот ситен малограѓански моментален апетит, оние кои немаат чувство за живеење во заедницата, улицата, просторијата, клупата, WC-то, сообраќајниот знак, клубот, автобусот – се она што го дели со некој друг човек или повеќе луѓе.

Со моето дело SK-320-IB се обидувам да се опуштам, да не размислувам толку сериозно за овие проблеми и да не барам комплицирани начини (со длабоки пораки за општественото живеење) за нивно презентирање. Решив само да се фокусирам на двете појави кои ме интересираат и некако да ги посочам. Се надевав дека ќе се посреќам и ќе го најдам соодветниот јазик да го раскажам тоа, зашто некогаш единственото нешто што може да се направи во врска со тоа е е токму тоа – посочување на проблемот. (Како кога на провинцијалец ќе му кажеш дека е провинцијалец и он се нервира

Среќна околност е тоа што формата во која е презентирано ја собрав од друго место (како што постојано собирам и други работи) – а таа самата по себе постои поради приказ на некоја колективна појава. Моите две теми за одработување добија заеднички параметри. Сообраќајни прекршоци кои сериозно загрозиле нечија безбедност и здравје претставени како жртви на Катрина, или жртви на киднапирање или некоја болест

Конечно SK-320-IB е и омаж и виц за општествените криминалци, талогот на современото градско живеење, мојата наивност и патетика. Зашто реално без ниедна скршеница или модрица не им можам ништо – освен да ги посочам со прст. Како кога на провинцијалец ке му кажеш дека е провинцијалец и он се нервира.

 

Ивана Драгшиќ
 


« назад

 
 Контрапункт | Точка | Слевање на маргините | Маргина | Галерија |