Точка

 Што е точка | Архива на настани | Графички материјали |

 



"Солилоквиум"
изложба на фотографии на Дарко Петровски и Љупчо Ристовски

 

На 26.01.2006, во 20.00 часот, во просториите на културниот центар Точка, ќе се отвори изложбата на фотографии насловена Солилоквиум на Дарко Петровски и Љупчо Ристовски.

 



Дарко Петровски е роден 1977 година во Скопје. Дипломирал на Kатедрата за oпшта и компаративна книжевност на Филолошкиот факултет во Скопје. Од 2003 година член е на фото клубот Елема од Скопје и почнува интензивно да се занимава со фотографија. Учествувал на повеќе групни домашни и меѓународни изложби. Oва е прва негова самостојна изложба. Во моментов работи како професор по македонски јазик во Гимназијата НОВА во Скопје.

Љупчо Ристовски е роден 1978 год во Скопје. Со фотографија активно се занимава од 1998. Член е на фото клубот Елема. До сега има учествувано на повеќе групни изложби во Македонија и во странство. Ова е негово второ претставување пред фотографската публика во Скопје.

Самиот наслов на изложбата Солилоквиум- разговор на душата сама со себе, ја дава главната карактеристика на концептот на овие двајца автори, кои ни ги предаваат ретките мигови на исполнетост од глетките во природата. Допирните точки се изразени во интимните лирски мигови кои се забележани, а се соодветни со ширината на погледот и исполнетост на душата пред бескрајните предели кои се отвараат пред нив. На секоја фотографија и соодветствува по еден стих кој понекогаш ја објаснува, дополнува или пак произлегува од неа. Двајцата ќе се претстават со црно-бели фотографии, чија традиционална техника и потреба од занаетчиска умешност е дополнителен израз на потребата од интимниот пристап кон создавањето на делото, како и сигурноста произлезена од контролата врз целиот процес на изработка.

погледнете неколку слики од изложбата
авторите за своите дела


 

 

 

дома

 
 Контрапункт | Точка | Слевање на маргините | Маргина | Галерија |