|
Контроверзниот филм
Островчето (The
Isle) на веќе култниот кореански режисер Ким
Ки-Дук, е вториот на филмската програма наречена Лаф-филм-муабет, која
започна од минатиот вторник во Културниот центар Точка.
Утре вечер, 31. 05. 2005 (вторник) со почеток во 21.00 часот ќе можеме
да го видиме овој филм од 2000-тата година кој предизвика многу бурни
реакции на фестивалите во Европа, меѓу кои и Венецискиот филмски
фестивал.
После филмот ќе следи панел дискусија која ќе ја водат Жарко
Трајаноски и Марко Петрушевски.
Добредојдени сте...
ДОЗНАЈТЕ ПОВЕЌЕ ЗА РЕЖИСЕРОТ И ФИЛМОТ
THE ISLE

|