Точка

 Што е точка | Архива на настани | Графички материјали |

 



Kim Ki-Duk
Режисер, Сценарист

 

<< назад кон веста

 


Еден од најконтроверзните Кореански режисери, Kim Ki-duk е самоук режисер кој се гордее со својот статус на аутсајдер, отворено одделувајќи се себеси од современиците како Hong Sang-soo и Ling Chang-dong, кои ги смета за премногу интелектуални. Филмовите на Kim привлекоа негативни критики заради субјективноста и пофалби заради техниката, поради што тој е често споредуван со неговиот претходник Kim Ki-young, кој исто така бил самоук и чии филмови се помалку брутални, но подеднакво ексцентрични и лични.

Роден во планинско село, Kim се преселил со семејството во Сеул кога имал девет години. Во текот на тинејџерските години тој го напушта училиштето и работи по фабрики, а на дваесетгодишна возраст оди на петгодишна обука во морнарицата, најтешката гранка од корејската војска. Овие рани доживувања ќе бидат инспирација за мрачната визија на меѓучовечките односи кои ги карактеризираат неговите филмови. Сликајќи уште од детството, Kim заминува во Франција во 1990, каде што студира уметност и едвај преживува продавајќи ги своите слики по улиците.

Kim се враќа во Кореа во 1993 и започнува да пишува сценарија. Иако нема формално образование веднаш доживува успех на конкурсите за најдобри сценарија и наскоро преминува во полето на режирањето. Неговите двата први филма, Crocodile (1996) и Wild Animals(1997) беа насилни, бесни портретирања на отуѓени млади луѓе. Неговиот трет филм, Birdcage Inn (1998) воведе една од тематиките што постојано се провлекуваат низ неговите филмови – проституцијата, која во разочараниот светоглед на Kim за односот меѓу мажот и жената претставува нешто сосема нормално. Додека тој филм внесе полирични елементи во неговиот стил, филмот од 1999, The Isle претставуваше вистински пробив. Балансирајќи ја визуелната убавина со слики од кои на моменти се превртува утробата, филмот раскажува приказна за нема проститутка која „услужува“ рибари на брег на едно езерско одмаралиште. Овој филм го привлече вниманието на меѓународните филмски фестивали и беше првиот негов филм дистрибуиран во САД. Потоа следеше Real Fiction (2000), не сосема успешен експеримент од 200 минути снимен на улиците на Сеул, користејќи десет филмски и две видео камери кои следат еден млад човек кој се обидува да ги пронајде и да ги убие сите оние што му нанеле зло. Сместен во околина на Американска воена база, неговиот филм од 2001 Address Unknown го испитува проблематичното наследство на Корејската војна.

Следниот филм на Kim од 2001 Bad Guy (кој му го донесе прекарот „лошото момче на корејскиот филм“), беше негов најпопуларен и најконтроверзен филм, делумно поради неговиот главен глумец, Jo Jae-hyeon, кој работел на пет претходни филмови на Kim и во меѓувреме стана телевизиска ѕвезда. Kim се навраќа на неговото искуство во морнарицата во The Coast Guard (2002), во кој млад регрут преживува грижа на совест поради случајно пукање. Неговиот филм од 2003 Spring, Summer, Fall, Winter… And Spring за многумина беше неочекувана пресвртница во уметничкото творештво на Kim. Сместен во зачудувачки пејзаж, филмот го прикажува животот на двајца Будистички монаси и на загубените души кои доаѓаат кај нив за утеха. Многу позрел филм отколку неговите поранешни напори, но сепак кој се фокусира на суштинската бруталност на човековата природа и означува нова фаза во кариерата на овој дрзок, неоспорно талентиран режисер.
 

ФИЛМОГРАФИЈА
ЗА ФИЛМОТ THE ISLE

 

 
 Контрапункт | Точка | Слевање на маргините | Маргина | Галерија |