Точка

 Што е точка | Архива на настани | Графички материјали |

 



изложба на Маријета Сидовски 
Траги на времето - некаде во моите мисли

I am before and I am after,
I am always until the end
I am the face in the forest,
I am the laughter in the leaves.
 

by Mike Harding
A Little Book Of The Green Man

Насловот на најновата изложба на Маријета Сидовски Траги на времето - некаде во моите мисли веднаш не воведува во личните сеќавања кои оваа авторка ни ги прикажува преку шест слики-објекти.


Сликите претставуваат склоп на повеќе елементи, нивната основа ја гледаме во комплексните вертикални и статични композиции изработени од различни природни материјали кои ги задржале своите особености (дрво, дрвени прозорци, коноп, јапонска рачно изработена хартија) надополнети со мобили од истите материјали, додека статичноста на композицијата е разбиена со графички отпечатоци (повторно со комбинации на неколку топли бои) врз кои е интервенирано со цртеж со меки и кружни линии. Оваа богата ликовна основа, комбинација на различни материјали, не само што ја поттикнува атмосферата на топлина и интимност во "разговорите претставени на сликарски начини`, туку и зрачи со особена внатрешна енергија на рамнотежа.
Освен користењето на природни материјали и инсистирањето на топлината и интимноста на личните приказни и емоции, трет значаен момент во сликите на Маријета, кој ги поврзува претходните два и на кој упатува и самиот наслов, е времето. Симбол на трагите на времето се, пред се, прозорците, понекогаш стари и до двесте години, кои функционираат како конструкција за истакнување на сликите и врамување на сеќавањата. Сепак авторката, со својот особен сензибилитет, остава простор за различна рецепција и интерпретација на симболите, а самите слики-прозорци можат да се читаат како поврзување со природата и цикличните движења, како отворање кон интимата или, пак, како влез во уметноста.


Маријета Сидовски - биографија
Родена 1973 во Нови Сад. Завршила средно уметничко училиште - дизајн за текстил и облекување, во Нови Сад. Дипломирала на Факултетот за ликовни уметности во Скопје, отсек сликарство со конзервација и реставрација, во класата на проф. Душан Перчинков
.

 

 
 Контрапункт | Точка | Слевање на маргините | Маргина | Галерија |