Точка

 Што е точка | Архива на настани | Графички материјали |

 



Соња Димовска, Графичката инсталација

Времето и просторот умреа вчера.

Зошто да се враќаме назад?

Графичката инсталација на Соња Димовска, насловена едноставно Време и простор - простор и време, се состои од 21 графика распоредени во просторот во три вертикални ленти кои сугерираат течение слично на филмска лента.

Како подлога на отпечатоците, изведени во техника на сериграфија, авторката користи плексиглас, навидум невообичаен графички материјал. Транспарентноста на материјалот и визуелните сензации кои ги предизвикуваат вака поставените просторни графики се во функција на идејата за себе-анализа, кои Соња ги користи за да го искаже својот став дека "ниту времето ниту просторот не се реални", единственото нешто безвремено и безпросторно е самата личност.
Насоката на движење, односно исчитување на делото е спирална. Сè започнува од огледалото - простор кој ограничува, но нуди и длабочина. Автопортретот како отпечаток на еден момент на искреност ("вистинитост" на времето), е визуелен, или поконкретно, проѕирен ликовен знак кој има своја референца во прикажаната личност.
Автопортретот е израз на субјективноста на авторот, тој претставува едно беспоштедно анализирање и фрагментирање на личноста; и е воедно и почеток и крај. Иако набљудуваната фигура полека исчезнува во погледот, таа постепено повторно се појавува во трагањето по личноста како конечно дефинирање на вечното, позитивно и негативно кружно движење на нештата. Со метафигуралната претстава на прикриен начин, преку реторички и реалистично привидно наративна претстава, уметничката ја порачува својата временски и просторно флуктуирачка вистина, поставена наспроти објективниот свет.


Соња Димовска - биографија
Родена 1974 година во Скопје. Дипломирала на факултетот за ликовни уметности - Скопје во 1998 година, на графичкиот оддел, во класата на проф. Димитар Малиданов.

 

 
 Контрапункт | Точка | Слевање на маргините | Маргина | Галерија |