Емилија Божиновска:
Чудна шума - втор дел, изложбата на
колажи

од
рецензијата на Маја Чанкуловска
Чудна шума - втор дел на
Емилија Божиновска
Композиции од разиграни растителни
форми кои со ритмичкото повторување
на мотивите асоцираат на визуелна
поезија. Разбрануваните аморфни (поретко
строго геометриски) форми во
најновиот проект на Емилија
Божиновска претставуваат
продолжение на идејата која ја
развива уште од студенските денови,
идеја генерирана од значењето на
шумата.
Во Чудна шума - втор дел
претставени се колажи изработени од
готова боена хартија, материјал кој
ја поттикнува спонтаноста во изразот
со која настануваат фрагментите на
дрвата. Материјалот нуди безброј
можности за "детски игри на
импровизација", а воедно и помага
во постигнувањето на едноставните
визуелни решенија. Врз еднобојната
плоха се монтираат исто така
еднобојни (понекогаш светликави)
фрагменти од хартија, за да се
постигне конечниот ефект на
динамична шарена/декоративна
структура.
Колажите се различни и ги има од
неколку фази, но тука не застанува
интересот за ваквиот начин на израз.
Во случајов, авторката сака да го
прикаже начинот на создавање на
колажот, излегува надвор од
ограниченоста на листот/ подлога за
лепењето форми и продолжува во
акција на освојување на просторот на
галеријата.
Маја
Чанкуловска
Емилија
Божиновска - биографија
Емилија Божиновска е родена
1973 година во Скопје. Дипломирала на
Факултетот за ликовни уметности во
1999 година, во класата на професор
Душан Перчинков, насока сликарство
со модно креирање. Член е на ДЛУМ од
2000 година. Има учествувано на повеќе
групни изложби, како и на повеќе
колонии во земјава и во странство.
Ова е нејзина втора самостојна
изложба
|