Точка

 Што е точка | Архива на настани | Графички материјали |

 



Колажирање, изложба на тројца автори

Иванка Апостолова
Игор Настевски
Драгољуб Николовски

Насловни страни на списанието Студентски Збор
Автор на изложбата: Маја Чанкуловска
Организација : НИП Студентски Збор
17.02-28.02.2003


Изложбата Колажирање е составена од три сегменти кои претставуваат тројца автори со различен пристап во реализацијата на нивните идеи.Целта на оваа изложба е да се прикаже комбинација на различности (налик на колажната техника),без потенцирање (или потценување) на интересите на само еден уметник.Нивна единствена поврзаност е што сите тројца активно соработувале и сè уште соработуваат со весникот Студентски збор.И покрај навидум забележливата неконзистентност на мислења,чувства и прикажувања во уметноста, сите тројца автори на различен начин ги користат средствата на издвојување на елементите од постоечката целина, внесување во нова целина, монтажа или создавање структура во која внесениот елементдобива ново значење, стапувајќи во релации со нејзините елементи и менувајќи го нејзиниот визуелен изглед и значење како целина.
Со насловот на оваа изложба најмногу кореспондираат стриповите на Иванка Апостолова која е една од ретките авторки кај нас коишто се занимаваат со стрип.Таа активно ја користи техниката на колажот во сите нејзини стрипови, при што создава стрип табли со сложена повеќезначност и “невообичаен” формат (наспроти нашата навика на кадрирано гледање).

Игор Настевски ги креираше можеби досега најинвентивните насловни стрници на весникот Студентски збор. Преку преместување на случувањата, постоечките идеолошки пораки и фрагментите од секојдневниот живот во своите визуелни творби (графички дизајн), нуди свои коментари за случувањата не плашејќи се дури и од коментирање на дневнополитичките состојби.

Можеби најкласичен од сите тројца претставени уметници е Драгољуб Николовски.Тој го користи фотографскиот медиум во неговата “изворна” чиста форма, без дополнителни интервенции.Притоа, неговите релации на интерс се широки, па на оваа изложба претставени се фотографии што може да се поделат на портрети, театарски и концертни фотографии и life photo.

Биографии

 

 
 Контрапункт | Точка | Слевање на маргините | Маргина | Галерија |