Биографии
Иванка Апостолова
Иванка Апостолова
родена е 1973 година во Скопје.
Апсолвент е на Катедрата за историја
на уметност со археологија. Од 2001
година живее и работи во Љубљана,
Словенија. Со стрип се занимава од 1997
година. Има објавувано стрипови во
повеќе македонски и словенечки стрип-списанија
и фанзини. Од 2002 води работилница за
колажен стрип и стрип накит во школо
за применети уметности Фамул Стуарт -
Љубљана, Словенија 2001 година има
самостојна стрип-изложба на 2.International
Women Contemporary Art Festival, Љубљана,
Словенија.Учествува на повеќе групни
изложби во Љубљана, Равена, Загреб, и
на изложбата Македонскиот стрип во
движење/ стрип во Лифт различни
галерии во Струмица, Прилеп,
Гевгелија, Битола.
Игор Настевски
Игор
Настевски, роден е 1972 во Скопје.
Завршил средно уметничко училиште
”Лазар Личеноски” во 1991 година.
Апсолвент е на Факултетот за ликовни
уметности во Скопје, отсек
сликарство во класата на професорот
Танас Луловски. Работел како
графички уредник во Студентски
збор, Теа Модерна
и во агенцијата Идеа Плус ДДВ.
Драгољуб Николовски
Драгољуб Николовски, студент на
камера на Факултетот за драмски
уметности. Уметнички фотограф и
соработник на повеќе списанија.
|