20.01.2003, Културен
центра Точка
Јана Манева Чупоска -
Книга на снимање "Мост", изложба
На
20 јануари во просториите на
Културниот центар "Точка” се
отвори изложба на Јана Манева
Чупоска со наслов Книга на
снимање "Мост” |
Проектот
Книга на снимање "Мост”
на Јана Манева Чупоска е составен од
неколку делови пренесени преку
различни медиуми - видео, фотографии
и текстуален дел, кои функционираат
сосема независно од играниот филм
"Мост”. Носител на проектот е
видео записот, инспириран од
главната режисерска идеја (наслов) на
споменатиот филм, но за разлика од
него не раскажува фиктивна приказна/мит,
туку, пред сè, поаѓа од
документирањето на едно реално
случување - снимање на филм и може да
се определи како "филм за филмот”.
Јана
Манева Чупоска - биографија
Родена
22.12.1970 во Скопје. Дипломирала 1996 на
Факултетот за ликовна уметност,
отсек сликарство во класата на проф.
Симон Шемов. 1998/99 година завршува
специјалистички студиум по
сликарство и рачна обработка на
стакло на Високата школа за
применета уметност (Vysoka Skola
Umeleckoprumyslova) во Прага, кај проф. Павел
Нешлеха. Моментално посетува пост-дипломски
студии по сликарство кај проф.Веле
Ташевски.
од
рецензијата на Маја Чанкуловска...
Главната идеја на овој проект е
поврзувањето. Најизразената
метафора на основната тема - мост
како поврзување, конкретизирана и во Книгата
на снимање "Мост”, е претставена
преку повеќе ситуации: скици на
сцените кои се претопуваат во сцени
од филмот, подготовки за снимање
поврзани со сцени од природата,
толкувања на глумците/учесници во
процесот на снимањето и
интерпретации и реакции на
случајните минувачи на истата тема
со нагласена симболика... - поврзување
на филмот и секојдневието, реалното и
имагинарното
|