извадок од текстот:
А
Р Т
Превод од анлиски: Маргарита
Бузалковска - Алексова
Културен Центар
ТОЧКА
Скопје, 2002
Ликови:
МАРК
СЕРЖ
ИВАН
Серж си ги суши рацете. Тој оди да го
испразни садот со вода, па ги трга
средствата за чистење, сè додека
не остане никаква трага од домашна
активност. Тој погледнува уште еднаш
во неговата слика. Потоа се врти и оди
нанапред кон публиката.
СЕРЖ:
Кога Марк и јас успеавме да го
избришеме скијачот, со помошта на
швајцарскиот сапун со додадена
галска киселина, по препорака на Пола,
погледнав во Антриос и се свртев кон
Марк:
"Дали знаеше дека мастилото од
фломастерите може да се измие?"
"Не", рече Марк... "Не"... а ти?
"Не", реков јас, многу брзо, зашто
лажев. За влакно ќе кажев, да, знаев.
Но можев ли да го започнам нашиот
пробен период со такво разочарувачко
признание?... Од друга страна, беше ли
правилно да се започнува со лага?...
Една лага! Ајде да бидеме разумни.
Зошто сум јас толку апсурдно чесен?
Зошто мора мојот однос со Марк да
биде толку комплициран?...
Постапно, светлото почнува да се
стеснува на Антриос. Марк & се
приближува на сликата.
МАРК:
Под белите облаци, паѓа снег.
Не можеш да ги видиш белите облаци, ни
снегот.
Ни студот, ни белата покривка на
земјата.
Еден осамен човек се спушта низ
брдото на неговите скии.
Снегот паѓа.
Паѓа сè додека човекот не
исчезнува одзади во пејсажот.
Мојот другар Серж, кој е еден од моите
најстари другари, купил една слика.
Таа е платно од два на еден.
Таа претставува еден човек што се
движи преку еден простор и исчезнува.
(К
р а ј)
|