Јасмина Реза: Арт
На
24. 09. 2002 во копродукција со Проартс
во Точка се одржа премиерата на Арт,
драмски текст од веќе култната
авторка Јасмина Реза. Претставата ја
режираше Зоја Бузалковска, позната
по своите инвентивни режиски
решенија. Улогите ги играа младите
актери: Васил Зафирчев (Серж), Игор
Стојчевски (Марк) и Горан Трифуновски
(Иван). Најзабележителен режиска
инвенција на Бузалковска во оваа
претстава беше адаптирањето на
мизансценот согласно просторот на Точка.
Неколкуте галериски соби на Точка
се претворија во сцена и седишта за
публиката заедно. Беше тоа
хиперреално решение, симулација на
стан, во која публиката од едната
соба навистина не можеше да гледа,
само слушаше што се случува во
другите соби.
извадок од
текстот:
Снегот паѓа.
Паѓа сè додека човекот не
исчезнува одзади во пејсажот.
Мојот другар Серж, кој е еден од моите
најстари другари, купил една слика.
Таа е платно од два на еден.
Таа претставува еден човек што се
движи преку еден простор и исчезнува.
|