ЕЛЕКТРОНСКО
СКОПЈЕ↗
Клубови, журки
и привремени простори.
Додај го она што го паметиш.
Подлогата моментално не е достапна.
Сите места и програми се достапни во списокот.Адресите на сцената↗
Најавено на хартија↗
Сите 64 архивски записи од трите изложби. Еден флаер може да најавува повеќе вечери. Најавениот настап не е автоматска потврда дека се одржал.
„Електронско Скопје“ ги поврзува клубовите, кафулињата, театрите и привремените простори низ кои се движела електронската сцена. Флаерите ги чуваат најавите; луѓето ги чуваат приказните.
Мапата е отворена за дополнување. Дел од маркерите означуваат приближна зона, а не точен дуќан или влез. Местата без координати остануваат во индексот, заедно со она што досега го знаеме.
Извори и благодарност +
Благодарност до сите што споделија флаери, фотографии, информации и лични сеќавања и помогнаа да ги поврземе местата, луѓето и настаните на скопската електронска сцена.
Посебна благодарност до Билјана Кочоска (Japan@mk), чија лична архива беше појдовна точка за изложбите, до ФБ-страницата „In loving memory of The Club“ ↗, како и до Leni von Geleva, Горан Костовски (ind.o.g) и Катерина (Mileskaya) за споделените материјали, насоките и поддршката.
За информациите, просторните траги, сеќавањата и корекциите во ФБ-дискусиите им благодариме и на Андреј Марјановиќ, Васил Буралиев, Дарко Атковски, Тони Димитров, Александра Симова, Танија Иванова, Ѓоко Карајановски, Роберт Алаѓозовски, Милан Точиновски, Јован Стефанов и Тошо Филиповски, како и на сите други што се вклучија во разговорите.
Мапата останува отворена за дополнувања. Ако некого ненамерно сме изоставиле или погрешно сме навеле податок, пишете ни на contact.arno.mk@gmail.com — секое сеќавање може да помогне да ја составиме пошироката приказна.
Просторните траги се дополнети од „Алтернативно Скопје во 1990-тите“ ↗. Нејасните локации се означени одделно и очекуваат дополнувања.
Автор и уредник на проектот: Бранко Прља (Арно.мк/Временска капсула).
„Електронско Скопје“ е сестрински проект на „Алтернативно Скопје во 1990-тите“ ↗.
Контакт: contact.arno.mk@gmail.com