ДИГИТАЛЕН АРХИВ / 1990–2005

ЕЛЕКТРОНСКО
СКОПЈЕ↗

Флаери, клубови
и привремени простори.

Една ноќ завршува. Хартијата останува. Архив на најавите, имињата и сликите преку кои ја читаме електронската сцена на градот.

Разгледај ги флаерите
ФЛАЕРИ / КЛУБОВИ / СЕЌАВАЊА
114 фотографии во колекцијата25 архивски записи39 фотографии во изборотОТВОРЕН АРХИВ. ПРИКАЗНАТА СЕ ДОПОЛНУВА.

ИЗЛОЖБА 01

КУРАТОРСКИ ИЗБОР

Ноќта
на хартија.

Пред да стане сеќавање,
журката била флаер.

Една фотографија, неколку имиња, датум и место. Овие мали документи нè водат од клупскиот подиум до Водно, од локалното издание до гостинската програма. Ова е прво читање на зачуваниот материјал.

01 / НАДВОР ОД КЛУБОТ

И планината е подиум.

Средно Водно, 18 септември 1997. Најавата за DJ Nivoc го претвора отворениот простор во место за дванаесетчасовна журка.

02 / ЗВУКОТ ДОБИВА ИЗДАНИЕ

Праќајте демо.

Најавата за PMG recordings е и повик за нова музика. Клупската вечер, издаваштвото и визуелниот јазик се среќаваат на ист лист.

03 / РАДИОТО И СЦЕНАТА

400 изданија подоцна.

„Зависна лисица“ го најавува својот јубилеј во Метропол. Настапи во живо, диџејски сетови и имиња што повторно се појавуваат низ архивот.

КАТАЛОГ / ФЛАЕРИ

25 ЗАПИСИ · 1996–2002 И НЕДАТИРАНИ

Следи ја
фреквенцијата.

Разгледувај по година и простор.
Пребарувај име, диџеј или збор од флаерот.

Годините во филтерот се поткрепени со читливи датуми. Записите со претпоставена или неразјаснета година се издвоени. Еден запис може да содржи повеќе најави.

ЗА ПРОЕКТОТ

Хартијата
памети.

Архив што ја чита сцената
преку нејзините траги.

„Електронско Скопје“ ги собира флаерите, имињата и просторите на електронската музичка сцена. Проектот го истражува периодот 1990–2005; првиот избор главно го опфаќа крајот на деведесеттите, со датирани примероци од 1996 до 2002.

Флаерите се од личната архива на Билјана Кочоска, магистерка по нови медиуми и комуникација, маркетинг-специјалистка и дел од тимот на Japan@mk, посветен на јапонската култура. Повеќе за Билјана ↗

Автор и уредник на проектот: Бранко Прља (Арно.мк/Временска капсула). „Електронско Скопје“ е сестрински проект на мапата „Алтернативно Скопје во 1990-тите“ ↗.

Како ги читаме документите +

Го разликуваме читливото од претпоставеното. Ги зачувуваме оригиналните имиња и печатни грешки, а нечитливите делови и непотврдените датуми ги означуваме.

Флаерот го чува најавениот настан. Личните сведоштва, фотографиите и другите извори помагаат да се дополни приказната: дали се одржал, каде бил просторот и како го памети публиката.

Колекцијата и нејзините траги +

Првиот избор претставува 25 архивски записи со 39 фотографии, од колекција со вкупно 114 фотографии на зачувани флаери и придружни материјали.

Лична архива: Билјана Кочоска. Дизајнерските кредити се наведени таму каде што се познати или се читаат на самите флаери. Архивот е отворен за нови материјали, сеќавања и корекции.

Имаш флаер или сеќавање? +

Имаш зачуван флаер, фотографија, влезница или сеќавање на некоја од овие журки? Познаваш место, изведувач или дизајнер што недостига во приказната? Пиши ни на brankoprlja@gmail.com.

За дополнување се корисни фотографии од двете страни, датумот, името на просторот, учесниците и приказната што ја паметиш. Наведи што знаеш од документ, а што од лично сеќавање, како и името под кое сакаш да бидеш наведен/а.

Разгледај ги фотографиите поврзани со овој запис. Непотврдените врски се наведени во белешките.

Белешки за документот +

Најавениот настап не е независно потврден како одржан настан.

Препис од флаерот

Заградите означуваат уредничка белешка. Нечитливите делови се оставени отворени.

100%