|
Овој
вторник ќе биде „втор“ вторник на Сподели кино. :-)
На репертоар ќе биде i.Mirror -
машинима експлоративен документарец
за животот во Second Life направен од
China Tracy. Прикажан и во Венеција,
i.Mirror го започнал машинима стримот од
Second Life.
Интересен приказ на светот во Second Life раскажан преку перспективата
на аватарот China Tracy, проследен со убава музика. Паралелно со таа
виртуелна прошетка, некаде попатно, раскажувачот поставува интересни
прашања за улогите, реалноста, илузијата...
Филмот трае 28 минути. После проекцијата може да дискутираме за
феномените во виртуелните светови на онлајн платформите за играње
улоги или пак да пуштиме уште некое клипче... :-) |