Точка

 Што е точка | Архива на настани | Графички материјали |



Happy 1st birthday Line!
настан

30.06.2007, сабота, 20.00

 

 

 
 

Организацијата Line initiative and movement има чест да ви го најави настанот Happy 1st birthday Line!, којшто ќе се оддржи во сабота, 30 јуни, во Културниот центар Точка. Причината за оддржувањето на овој настан е завршувањето на 6 месечниот проект Consumer vs. User и воедно одбележувањето на едногодишното постоење на Line иницијатива и движење.

Line е организација којашто се фокусира на презентација, едукација и продукција во сферата на новите медиуми и технологија во уметноста. За време на едногодишното постоење, таа стана дел од интернационалната мрежа на куратори и уметници на новите медиуми Upgrade! International, реализираше видео проекции со македонски видео автори, дебата, мини-фестивалот Tiny noise festival #004, 6 едукативни работилници од областа на новите медиуми и технологии, како и 6 последователни настани организирани заедно со предавачите на работилниците.

Програма:
* презентирање на минатата работа на организацијата и идните планови.
* Video world - Марија Божиновска- Jones, видео перформанс
* DJ- сетови на: Flooder, every kid on speed, Vaso и Илина.
* продажба на маици од продукцијата на Line, clothes_line ( маици дизајнирани од македонски уметници)


Повеќе информации за реализираните проекти:
www.line.com.mk


 


дома

 
 Контрапункт | Точка | Слевање на маргините | Маргина | Галерија |