Сподели кино#8, проекција на
документарен филм „Good Copy, Bad
Copy“
проекција
26.06.2007,
вторник, 20.00 |
|
|
Сподели кино продолжува по својот распоред. Вторникот
што доаѓа, на 26ти, ќе го гледаме „Good Copy, Bad Copy“, документарен
филм за моменталната состојба на авторските права и културата.
Главниот режисер на филмот е Хенрик Молтке, а целиот тим е тука - тоа
е и местото каде што можете да си го симнете филмот ако не доаѓате во
Точка.
Повеќе информации за филмот има и на
BoingBoing. |