Точка

 Што е точка | Архива на настани | Графички материјали |



Завршна изложба на трудови од првата генерација студенти на Графичкиот колеџ при Семос Едукација
изложба

14.06.2007, четврток, 20.30

 

 

 
  Свеченото отворање на завршната изложба на трудови од првата генерација студенти на Графичкиот колеџ при Семос Едукација ќе биде проследено со коктел забава на која се поканети голем број фирми од графичката дејност. Изложбата се организира по иницијатива на Колеџот за графички дизајн и е под покровителство на Семос Едукација. Целта на настанот е промоција на млади и талентирани кадри пред фирмите од графичката дејност кои ќе бидат поканети на изложбата. Ова ќе биде одлична можност за нив да најдат квалификувани дизајнери.

На изложбата ќе бидат претставени 70 дела кои по избор и мислење на студентите беа издвоени како најуспешни проекти на кои работеле во текот на изминатата година. Изложбата ќе биде отворена 10 дена во кој период македонската јавност ќе биде во можност да се запознае со овие трудови.

Во текот на една учебна година, целокупната програма на колеџот за графички дизајн опфати: 15 предмети, 3 официјални светски признаени испити на Adobe, материјали за предавањата, консултации и помош за изработка на проектите и полагање на испитите. Програмата на колеџот ги следи светските образовни трендови на специфично насочено образование. Обуката која студентите ја следеа во текот на изминатата учебна година беше од креативен и технички карактер, проследена со многу практична работа. Во рамките на образовната програма беа организирани и отворени денови на крајот на секој семестар за посета на фирми од соодветната дејност во кои претставници од истите ги запознаа студентите со процесите на дизајнирање и печатење. Портфолијата на студентите ќе бидат објавени на сајтот на Семос Едукација www.semoskoc.com.mk

 


дома

 
 Контрапункт | Точка | Слевање на маргините | Маргина | Галерија |