|
Хомер, Илијада, книга прва
преведена од Odorico Mendes (Бразил, 1799-1864)
режија: Octavio Camargo
во изведба на: Claudete Pereira Jorge
време на изведба: 50 минути
Line I+M има чест да ви го претстави перформансот Iliadahomero дел од
европската турнеја на Iliadahomero Theatre Company којашто е во тек од
мај до јуни 2007 година. Овој перформанс е поставен од бразилскиот
театарски режисер Octavio Camargo, а изведбата е на Claudete Pereira
Jorge. Перфомансот ќе се изведува на португалски јазик и на овој начин
Хомер ќе биде претставен како медиум, алатка за интеракција во
различни јазични платформи кои проектираат различни преводи на разли
чни идиоми, но делат ист код (доколку на јазикот се гледа како на код)
на литерарните матрици на западната мисла, претставувајќи антички
формулации на се по современата транспозиција. Оваа бразилска група ја
започнува својата турнеја vo Солун (каде настапува во рамките на
првото Солунско биенале), a потоа продолжува во Скопје, Истамбул,
Софија, Минхен, Лисабон, Порто, Берлин... Овој настан е остварен во
соработка со Upgrade! International мрежата на уметници и куратори кои
работат во полето на нови медии и технологија.
www.lineinitiativeandmovement.tk
http://users.mur.at/toni/upgrade/
www.theupgrade.net
Погледнете Интервју со актерката, како и дел од изведбата!
|