Точка

 Што е точка | Архива на настани | Графички материјали |



Мултимедијален проект „Граница“ на Зоран Попоски
мултимедијален проект

30.05.2007, среда, 21.00

 

 

 
 

На 30 мај со почеток во 21 часот во Културниот центар „Точка“ во Скопје ќе биде претставен мултимедијалниот проект „Граница“ на визуелниот уметник Зоран Попоски. Преку видео, перформанс, дигитални отпечатоци и објекти создадени во оваа година, Попоски го истражува личното доживување на границите (психолошки, географски, политички...), како и нивната (не)пропустливост и произволност во глобализираниот свет. На отворањето ќе биде изведен и заеднички перформанс со Марко Петрушевски под наслов „Брза виза“.

Како што истакнува Лин Бок, перформанс уметник и професор на универзитетот Вејк Форест: “Зоран Попоски го поставува своето проживеано искуство право во центарот на своето уметничко истражување и користи широка лепеза на стратегии и процедури кои истовремено ги разоткриваат и ги поткопуваат концептите на сопствениот/националниот идентитет. Деструктивните баналности на нефлексибилниот општествен систем стануваат материјал што тој го деконструира преку јавно прикажување и реконтекстуализирање на неговото реално искуство... Наместо да капитулира пред задушувачката тежина на оваа бирократска машинерија, или да чека работите да се променат сами од себе, тој во нив пронаоѓа материјален поттик за продукција на критички и партиципативен креативен процес.”

Зоран Попоски студира постдипломски студии по уметност во нови медиуми во Австрија, а остварил и студиски престои во САД. Досега има реализирано десетина самостојни и низа колективни изложби во САД, Франција, Германија, Италија и Македонија.

 


 


дома

 
 Контрапункт | Точка | Слевање на маргините | Маргина | Галерија |