|

Ве покануваме на проекцијата на документарниот филм
Поделените американски држави што ќе се одржи во Културниот центар
Точка, на 03 мај (четврток) со почеток во 20 часот. Филмот е на Сашо
Подгоршек и е реализиран во рамки на турнејата што култната
словенечка група Лајбах ја имаше во 2004 година низ цела Северна
Америка.
Лајбах првата турнеја низ Северна Америка ја остварија во 1989
година, две години пред распаѓањето на нивната матична земја
Југославија. Турнејата беше наречена Симпатии за ѓаволот. Следните
турнеи се случија во 1992 и 1997 година.
Последната турнеја почна во Вашингтон, еден ден откако беа објавени
резултатите од претседателските избори во Америка.
Филмот претставува оригинален документарец за турнејата на Лајбах,
реализирана за време на трауматичната пост-изборна атмосфера во САД,
земја длабоко поделена меѓу различни политички партии и културолошки
сфаќања. Затоа името на турнејата е Поделените американски држави.
|