Точка

 Што е точка | Архива на настани | Графички материјали |



Вечер на сенегалска култура
настани

29.03.2007, четврток, 20.00

 

 

 
 

Настанот го организираме во соработка со Францускиот културен центар, во рамките на прославата на денови на Франкофонијата. Домаќин на вечерта е Бирадије Фол, директор на Културниот центар Луба, вториот по големина град во Сенегал. Бирадије Фол е долгогодишен менаџер во културата и кустос, и поседува неколку европски дипломи по културен и музејски менаџмент.

Во рамките на вечерта ќе биде презентиран филм за културата на Сенегал, со осврт на неколку значајни културни манифестации. Во продолжение на вечерта ќе се пушта музика на автори од Сенегал (Јусун Дур, Дара Џи и сл.), проследени и со видео проекција. Ќе бидат послужени традиционални колачи од Сенегал, а ќе има и продажна изложба на традиционална машка носија од Сенегал (т.н. бубу) и африкански накит. Освен што ќе ја претстави културата на Сенегал Бирадије Фол ќе одговори на сите прашања во врска со оваа најевропска од сите поранешни африкански колонии.

Претходниот ден, на 28 март (среда) во просториите на Францускиот културен центар со почеток во 18 часот г. Бирадије Фол ќе одржи предавање на тема “Францускиот јазик во Сенегал”.
 


 


дома

 
 Контрапункт | Точка | Слевање на маргините | Маргина | Галерија |