|
Овој документарен филм, во продукција на Би-Би-Си,
истражува на кој начин сиромашните земји ги користат апликациите на
Слободниот/отворен софтвер за подигнување на нивото на својот
развој. Филмот опфаќа приказни и интервјуа со луѓе од целиот свет.
Во филмот се вклучени приказни за компјутерски и интернет пристап за
децата во Африка, за сиромашните слоеви во Бразил, за поврзување на
села во Шпанија, за менаџментот со катастрофи во Шри Ланка.
Филмот трае 40 минути.
|