Точка

 Што е точка | Архива на настани | Графички материјали |



Куси филмови на Дејвид Линч
проекција
 

01.03.2007, четврток, 20.00 часот

 

 

 
 

Ве покануваме на проекцијата на куси филмови на Дејвид Линч што во Културниот центар Точка ќе се одржи во четврток (1 март) со почеток во 20 часот. Филмовите се проследени со коментари на авторот. Ќе бидат прикажани шест филмови: Шест личности се разболуваат, Азбука, Бабата, The Amputee, Каубоецот и Французинот и Претчувствата го следат злобното дело.
Шест личности се разболуваат, на почетокот насловен како Шест луѓе се разболуваат, е едноминутен анимиран филм во боја кој прикажува тројца луѓе како се разболуваат. Линч го има реализирано овој филм додека бил студент на втора година на Академијата за убави уметности во Пенсилванија. Филмот е од 1966 година и трае 6 минути.
Азбука комбинира анимација и актерска игра. Едноставна наративна структура која се занимава со детството и растењето. Филмот е реализиран во 1968 година, а трае 4 минути.
И филмот Баба од 1970 година, обединува елементи на анимација и актерска игра. Филмот трае 34 минути.
The Amputee е филм на Линч од 1974 година. Трае 5 минути.
Каубоецот и Французинот е фарса од 1988 година, направена за француската телевизија како дел од серијалот Французите видени како... Филмот трае 26 минути.
Претчувствата го следат злобното дело е филм кој оригинално е вклучен во филмот од 1955 година Лимиер и пријателите. Четириесет признати режисери создаваат дела користејќи го оригиналниот синематограф кој го имаат измислено браќата Лимиер.



 


дома

 
 Контрапункт | Точка | Слевање на маргините | Маргина | Галерија |