Точка

 Што е точка | Архива на настани | Графички материјали |



Редефинирање на јавните културни простори
настани
 

21-25.02.2007

 

 

 
 

Ве известуваме дека од 21 до 25 февруари Културниот центар Точка (ЗГ Контрапункт) го реализира проектот (РЕ)ДЕФИНИРАЊЕ НА КУЛТУРНИТЕ ЈАВНИ ПРОСТОРИ. Следи описот на проектот.

(РЕ)ДЕФИНИРАЊЕ НА КУЛТУРНИТЕ ЈАВНИ ПРОСТОРИ

Краток опис на проектот:
“(Ре)дефинирање на културните јавните простори” е проект кој во фокус ги има јавните простори (оние градските, кои се или некогаш биле во сопственост на локалната или централната власт) а кои во изминативе 15 транзициски години речиси сосема ја загубија својата примарна функција, во недостиг на адекватна и добро стратегиски разработена урбана политика.
Неопходно е да се укаже на културниот потенцијал што ваквите простори можат да му го дадат на градот. Со таа цел инсистираме на стручно разработени планови и стратегии преку кои ќе се вложи напор, едукација и свест одновно да се препознае потенцијалот за експериментирање со новите намени, типологизирања и функции на јавниот простор.
Нашата цел е преку постоењето и негувањето на концептот преку кој дејствува Културниот центар Точка да се укаже и на транзициските промени кои оставија просторен печат врз транзицискиот град. Сакаме да покренеме дебата и да го свртиме интересот на јавноста, и во соработка со централната и локалната власт да влијаеме врза клутурната политика која ќе понуди алтернативен третман на неисползуваните јавни простори. Сето ова палнираме да го спроведеме преку интердициплинарен пристап, со современи методи, развивајќи широка соработка помеѓу институциите на централната и на локалната власт, независната културна сцена, уметнички групи, архитектитите.

“(Ре)дефинирање на јавните простори” се состои од четири последователни активности:
Јавни простори - исчезнување, трансформација и создавање на урбаното тело
1. Форум за Алтернативни урбани стратегии за градење на градот како креативна и интерактивна заедница - Јавни простори - исчезнување, трансформација и создавање на урбаното тело (учесници: Митко Хаџи Пуља, Томислав Медак, Теодор Целакоски (гости од Хрватска), Небојша Вилиќ, Наде Пешева, Бујар Љума, Билјана Тануровска, Искра Гешоска, Роберт Алаѓозовски и други преставници на независната културна сцена.)
2. Сите специфиц уметнички интервенции Читање и пишување по градот (Славица Јанешлиева, Александар Станковски и Ѓорѓе Јовановиќ)
3. Работилница Зошто и како да се создадат Е-простори. (тренери: Марсел Мас и Томислав Медак, гости од Хрватска)

Со овој проект очекуваме развивање на алтернативн урбана културна политика. Целите на овој проект се:
-да се смени ставот на централните и локалните власти во однос на функциите на јавните простори;
-да се изврши влијание во пишаните документи за урбана и културна политика во однос на диверсификацијата на јавната сфера;
-да им се даде видливост на независните иницијативи и да се земе предвид развојот на алтернативните јавни урбани сфери.
-да се редефинира јавниот интерес, улогата на власта, на архитектите, како и на самата култура при создавањето алтернативни форми на урбана култура;
-да се зголеми увидот на јавноста и на властите за современите функции и улоги на јавниот простор;
-да се промовират прогресивни и алтернативни урбани и културни политики и практики;
-да се препознае потенцијалот во експериментирањето со нови типологии на запоставените и неадекватно искористените јавни простори.
Овој проект во меѓувреме стана дел од здружената (ре)акција на здружената независна културна сцена наречена Придвижување, која за цел обединување на независните иницијативи во културата.

програма >>


 


дома

 
 Контрапункт | Точка | Слевање на маргините | Маргина | Галерија |