|
Оваа
недела, ќе
бидат прикажани филмовите -
Разговор (1997) на Лукас Мудисон
- Gisele Kerozene
(1989) на Јан Коунен
- Човекот без глава (2003) на Хуан Соланас
- Светот на славата
(1991) од Рој Андерсон.
Разговор (14 мин.)
Биргер немал посета осум години. Одеднаш ѕвончето на вратата
ѕвони. “Разговор е филм за специфичниот вид шведска осаменост. Се
сеќавам дека додека го снимав филмот размислував за Американскиот
Психо и мојот филм го нарекував Шведски Психо. Американскиот Психо е
роден од специфичната американска култура, консумеризмот, а овој
филм е за човек кој е роден од шведската болест што јас ја нарекувам
осаменост”, истакнува Мудисон за својот филм.
Gisele Kerozene (4 мин.)
Првиот кус филм на Коунен претставува лудо возење со метли на
група “прото панк” вештери кои лудуваат околу градскиот пејзаж на
Париз. Реализиран со користење на анимација, во филмот има алузии на
класичниот филм на Норман Мекларен Соседи.
Светот на славата (16 мин.)
Стоејќи во толпа, еден човек набљудува како голи луѓе се
присилени да влезат во еден камион, а потоа убиени со издувните
гасови од камионот. Подоцна ја гледаме мајката на човекот, гробот на
неговиот татко, па човекот ни раскажува за својата професија. Исто
така, ни ги покажува својот кревет, својата кола, својот брат,
својот син и човекот што му должи пари...
Човекот без глава (18 мин.)
Овој филм претставува едно од најдобрите куси филмски
остварувања во последните години. Филмот има добиено бројни награди
на фестивали ширум светот, вклучувајќи ја и наградата на жирито на
Канскиот фестивал во 2003 година.
Обична соба со поглед кон пуст индустриски пејзаж.
Во далечината, океанот е бескрајно голем.
Човек без глава танцува со живи чекори.
Сите филмови се со англиски превод.
|