Точка

 Што е точка | Архива на настани | Графички материјали |



КЛЕТИ ЈАБАНЏИИ
проекција
 

08.02.2007, четврток, 20.00

 

 

 
 

Филмот “Клети Јабанџии” на Џјанг Вен го најдовме споредуван со “Граѓанинот Кејн”, “Ничија Земја” и “Подземје”.

Претпоставуваме дека филмските критичари не го споредиле со “Маратонците го трчаат последниот круг” од единствена причина што не биле запознаени со овој наслов. Како и да е, во постоечките споредби не наоѓаме грешка, оти како и погоре споменатите, и филмов дефинитивно е ремек дело. Грешка нема ни во поставувањето корелат со југословенската кинематографија. Бидејќи ниту карневалската претстава на воениот ужас, ниту парализирачката агонија на безизлезната ситуација во која не се знае дали јунакот е фатен во ситуацијата или обратно, ниту бесниот црн хумор, ниту духот на безусловна гостопримливост, ниту пак идејата “трпение спасение” Ќе му биде далечно на познавачот на југословенската кинематографија.

Овој црно бел филм со една сцена во боја е само момент во низата генијални актерски, режисерски, сценариски и продуцентски остварувања на Џјанг Вен. И покрај обидот на Бирото за Филм на Пекинг да го забрани излегувањето на филмот на Канскиот фестивал во 2000г., филмот беше прикажан и го освои Гранд При-то на истиот, беше прикажуван во повеќе земји во светот а денес сосема слободно се дистрибуира и во Кина. Користејќи се со неодоливо смешен јазик на прикажување, филмот се соочува со психозата на војната, фрустрациите на заедницата во опасност, изборот меѓу животот и честа и парадоксите на сите овие ситуации, и тоа го прави токму врз вечно живата рана на кинеско-јапонските релации.

Филмот има освоено награди на шест интернационални филмски фестивали.

Режисер: Xjang Ven
Сценарио: Xjang Ven, Li Haijing i dr.
Главна улога: Xjang Ven
Дрги улоги: Xjang Ihong, Kagava Terujuki, Juan Ting i dr.

Англискиот наслов гласи "The Devils on the doorstep"


 


дома

 
 Контрапункт | Точка | Слевање на маргините | Маргина | Галерија |