Точка

 Што е точка | Архива на настани | Графички материјали |



Владимир Зориќ: “Протерани без сила: реторика на егзилот”
предавање
 

11.01.2007, четврток, 20.00

 

 

 
 

Предавањето на Владимир Зориќ на тема: “Протерани без сила: реторика на егзилот” ќе се одржи во Културниот центар Точка на 11 јануари, со почеток во 20 часот.
Во дваесеттиот век, доминантниот пристап на идејата за егзилот беше таксономиски: највлијателните теоретичари сметаа дека овој феномен може недвосмилено да се дефинира и потоа да се раздели на подвидови како што се протерување, експатријација (доброволно прогонство), внатрешен егзил и економска емиграција. Меѓутоа, кога од апстрактните категории ќе се премине на конкретни примери, се доаѓа до заклучок дека во одреден број случаи кај егзилот не е можно да се одреди точниот размер на принудата и слободната волја, затоа што судирот на правната рамка и субјективните перцепции ја замаглуваат оваа разлика.
Во ова предавање, со анализата на Цицероновиот случај Pro Caecina во контекст на римското сфаќање на егзилот се изолира exilium-от, правно-политичката традиција која има особено значење за модерното време. Во оваа традиција, егзилот не се конституира со повикување на јасно одреден поим, туку со низа метафорички и метонимиски трансфери чија цел е воспоставување нов идентитет врз темелите на начелната етичко-правна амбивалентност од напуштањето на земјата. Постојаноста на оваа реторичка традиција се потврдува врз примерот на модерните писатели како Бертолд Брехт, Јосиф Бродски и Милош Црњански, кои врз основа на принципот сличност и близина настојуваа да конституираат кохерентна слика на сопствениот егзил.
 


 


дома

 
 Контрапункт | Точка | Слевање на маргините | Маргина | Галерија |