Точка

 Што е точка | Архива на настани | Графички материјали |



Chris Marker, проекција на куси филмови
проekcija
 

26.12.2006, вторник, 20.30

 

 

 
 



Проекцијата на филмови од Крис Маркер ќе се одржи во вторник (26.12) со почеток во 20.30 во Културниот центар Точка. На проекцијата ќе бидат прикажани три филма (Пристаниште, 2084 и Астронаути) со вкупна должина од 60 минути.
Крис Маркер е француски режисер, писател, фотограф, автор на документарни филмови и мултимедијален уметник. Најмногу е познат по филмовите Пристаниште (La Jetée), Sans Soleil и АК, документарен филм за јапонскиот режисер Акиро Куросава.
Маркер има студирано филозофија кај Жан Пол Сартр, за по Втората светска војна да се посвети на пишување и режирање филмови.
Станува светски познат по снимањето на филмот Пристаниште (1962). Во филмот се раскажува приказната за пост-нуклеарен воен експеримент за патување низ времето, преку користење низа фотографии. Во филмот воопшто не се користат дијалози, и е раскажан со глас во оф. Инспириран е од сцена во Вртоглавица на Алфред Хичкок. Филмот има послужено како инспирација за 12 мајмуни на Тери Гилијам.
Крис Маркер живее во Париз и не дава интервјуа. Кога му бараат да даде фотографија, често место својата нуди фотографија на мачка.


 


дома

 
 Контрапункт | Точка | Слевање на маргините | Маргина | Галерија |