Точка

 Што е точка | Архива на настани | Графички материјали |



„Ќе ти го бричиме со зелено џамче“, промоција на книгата „Крупен Кадар“ од Роберт Алаѓозовски Јовановски
промоција
 

20.12.2006, среда, 20.00

 

 

 
 



Промотивно-дебатната вечер “Ќе ти го бричиме со зелено џамче!”, по повод излегувањето на книгата Крупен кадар (филмолошки есеи) од Роберт Алаѓозовски во издание на Темплум ќе се одржи во Културниот Центар Точка (бул. Климент Охридски 15) на 20 декември во 21 часот. Промотери-провокатори на авторот ќе бидат познатите филмофилски легенди Марко Петрушевски и Жарко Трајаноски. Користејќи софистициран критички арсенал од цитатно и жаргонско потекло, Марко и Жарко ќе го вклучат авторот во тријалошка дебата за естетските и практичните аспекти на македонскиот и светскиот филм. Како показен материјал и визуелна илустрација во текот не вечерта ќе се пуштаат инсерти од општопознатите македонски филмови “Тетовирање” (Столе Попов), “Пред дождот” (Милчо Манчевски) и “Балканкан” (Дарко Митревски).

За книгата Крупен кадар (филмолошки есеи) од Роберт Алаѓозовски анонимниот рецензент вели:

„Да се истражува македонскиот филм, односно националната кинематографија, дефинирана притоа и како кинематографија на мал народ, што ќе рече, со скромна годишна продукција на филмови, значи страшно да се ограничи корпусот на дела врз кои што ќе се истражуваат филмските специфики. Но Алаѓозовски тоа одлично го прави воспоставувајќи рамнотежа меѓу теорискиот и аналитичкиот поттекст од една страна и анализираните дела, помеѓу македонската филмска продукција и неколку студии и есеи кои се однесуваат на различни автори, жанрови и поединечни филмови: Линч, роуд муви жанрот, тематиката на серискиот убиец и сл. Од друга страна, една книга во која на македонскиот филм му се приоѓа толку студиозно претставува вистинска вредност.
Зборувајќи за македонските филмови во деведесеттите авторот го анализира корпусот на постмодернистички својства и одлики врз експлицитните постмодернистички филмови: “Збогум на дваесеттиот век” на Поповски и Митревски, “Маклабас” на Станковски, “Светло Сиво” на Поповски, Митревски, Јанаќиевиќ, “Прашина” и “Пред дождот” на Манчевски, но и врз оние филмови во кои се користат повеќе или помалку постмодернистички техники, но не можат во целост да се одредат како постмодернистички: “Среќна Нова 49”, “Тетовирање”, “Џипси Меџик” на Столе Попов и “Ангели на отпад” на Димитрие Османли. Како што вели Алаѓозовски: “начинот на кои што се организирани естетичките својства на постмодернизмот во овие филмови заговара бунтовност во однос на конвенционалните филмски модели, експериментаторство, отежната рецепција”.
 


 


дома

 
 Контрапункт | Точка | Слевање на маргините | Маргина | Галерија |