Точка

 Што е точка | Архива на настани | Графички материјали |



Куси американски пропагандни филмови, 1940-1960
проекција на филмови
 

14.12.2006, четврток, 20.30

 

 

 
 



Проекцијата на американски пропагандни филмови од четириесеттите и педесеттите години на дваесеттиот век ќе се одржи во Културниот центар Точка, во четврток (14 декември) со почеток во 20.30. Ќе бидат прикажани шест филма со вкупна должина од седумдесет минути: “Капитализам”, “За лицата”, “Синди оди на забава”, “Комунизам”, “Нашиот непријател” и “Одговорноста на секој американски државјанин”. Изборот на филмовите го направија Бранко Прља и Владимир Јанковски.

Филмовите што ќе бидат прикажани најчесто се снимани за потребите на американската влада или сличните институции и покажуваат како идеолошката матрица се обидува на колку што е можно подиректен начин да ги зацврсти своите политички премиси. Погледнати од денешна перспектива, овие филмови снимани во четириесеттите и педесеттите години, од една страна изгледаат наивно и смешно, но од друга страна укажуваат дека некои од вулгарно конципираните претстави за другиот, непријателот кој треба да се стигматизира, воопшто не се изменети, туку само добиле некоја поблага, поневидлива, поманипулативна форма.

Авторите на филмовите обидувајќи се да бидат достапни за колку што е можно поширока публика, воопшто не ги користат денешните стратегии на суптилно и навидум невидливо конструирање значења во прифатените идеолошки матрици, туку на директен и експлицитен начин, наративно и дидактички го моделираат својот филмски израз, кој на тој начин станува еден вид “празна форма”.


 


дома

 
 Контрапункт | Точка | Слевање на маргините | Маргина | Галерија |