Точка

 Што е точка | Архива на настани | Графички материјали |



СЛУЧАИ
проекција на филмови од Мина Џукиќ
 

07.12.2006, четврток, 20.00

 

 

 
 

Мина Џукиќ е родена 1982 година. Апсолвент е на факултетот за драмски уметности во Белград, на отсекот за филмска и тв режија. Сите филмови што се презентираат во Точка се занимаваат со случаи на симпатични отпадници, херои кои избрале да живеат на граничната линија меѓу фикцијата и стварноста. Обидот да се надмине извесното и предвидливото ги тера хероите на константно поместување на границата, па тие, во судир со околината, остануваат тргнати настрана, принудени да ја прифатат неприспособеноста како цена за сопствената автентичност.

Досие: Стаорец
(игран филм, 15 мин.)
Стара и отуѓена жена се обидува да ги истражи околностите поврзани со неочекуваната смрт на својот маж. Во потрага по вистината, изгубена во времето, наоѓа низа необјасниви, наводно паранормални феномени. Филмот е работен во форма на лажен документарец (mocumantary). Во филмот игра Ева Рас и присутни се референци на филмот Љубовен случај или трагедијата на службеничката од ПТТ на Душан Макавеев.
Филмот има освоено златен медал за најдобар краткометражен и документарен филм во Белград, награда за најдобар студентски филм на фестивалот во Сопот, официјална селекција за краткометражен филм на Сараевскиот филмски фестивал.

Џумки
(игран филм, 5 мин.)
Филмот е работен според истоимениот расказ на Данил Хармс. Внатрешните монолози на главниот лик се преведени во сонгови, а филмот содржи елементи на мјузикл.
На граѓанинот К. кон патот до градот му паѓаат тули врз главата. По паѓањето на секоја тула заборава по една важна информација. На крајот го заборава и сопствениот идентитет.

Уметник во гладување
(кратка играна тв-драма, 10 мин.)
Филмот е работен според мотивите на истоимениот расказ на Франц Кафка. Амбициозна водителка со тв екипа доаѓа да направи репортажа за уметникот кој се затворил во кафез и донел одлука да молчи и гладува до смрт.

Викторија
(документарен, 20 мин.)
Двајца другари во 1987 година на територијата на Дедиње основаа своја измислена држава. На сите улици им дадоа нови имиња, измислија соседни држави, војни, историја, народ, химна. Сега имаат 27 години и веруваат дека нивната држава с$ уште постои.

Специјална олимпјада
Реклама за специјалната олимпијада за деца со пречки во развојот.

Стра' од летање
Делови од најновиот полчасовен филм. Филмот е без дијалози. Целата нарација е водена со музика и ритмувани шумови. Приказна за едно момче кое на секој начин се обидува да научи да лета.


 


дома

 
 Контрапункт | Точка | Слевање на маргините | Маргина | Галерија |