Точка

 Што е точка | Архива на настани | Графички материјали |



Звукброда во Точка
концерт
 

Во петок (17 ноември), со почеток во 20 часот во Културниот центар Точка ќе настапи музичката група од Хрватска Звукброда.

 

 

 
 

Звукброда е студио за обликување звук и слика. Основачи се Домислав Домес и Иван Слипчевиќ. Постојат од 2000 година. Звукброда се резиденцијални уметници на нет.културниот клуб Мама, ко-основачи на издавачката куќа EGOBOO.bits и значајно име на хрватската клупска сцена. Овој епитет го имаат добиено благодарение на настапите во живо на сите поважни клупски вечери во Хрватска, како и на различни фестивали во странство.

Музиката што Звукброда ја создаваат најдобро може да се одреди како deep house. Нивните звучни и визуелни материјали покажуваат како дигиталните алатки што тие ги користат овозможуваат брзо, едноставно и евтино производство, па затоа нивните настапи во живо секогаш изгледаат свежо и поинакво.

Звукброда објавуваат под gnu gpl лиценцата (copyleft) за етикетата EGOBOO.bits. gnu gpl лиценцата значи дека нивните материјали слободно можат да се користат, да се модификуваат и дистрибуираат во сите свои деривации под еден услов: да останат достапни на јавноста под истите услови, т.е. лиценцата да не им се менува.

Звукброда досега, во рамки на издавачката куќа EGOBOO.bits. имаат објавено четири музички изданија “0301”, “0601”, “тТРИ” и “аеробик”, како и неколку изданија достапни само на страниците на EGOBOO.bits: "1001", "premantura", "live mama 0102", "live mmc", "live
otv bozic", "oprosti, sam malo", "tmp 2003", "deep and chicken live",
"sbtG", "live karlovac", "tmp 2004", "frequency live" i "btc".

Нивната музика и музичките семплови може да се најдат на:

http://www.egoboobits.net/ZvukBroda
http://www.egoboobits.net/ZvukBroda-Izdanja

Музиката што се наоѓа на овие интернет адреси слободно може да се снима, копира и преработува.

Влезот за концертот на Звукброда во Културниот центар Точка е слободен.
 


 


дома

 
 Контрапункт | Точка | Слевање на маргините | Маргина | Галерија |