|
Утре, вторник, 30 мај, во 20.30, во
културниот центар Точка ќе се одржи разговор на тема „Што може
младината денес?“ Во разговорот ќе учествуваат министерот за одбрана
Јован Манасиевски, професорката Елизабета Шелева, Роберт Алаѓозовски и
Никола Гелевски од културниот центар Точка, како и младите блогери Ана
Медерска и Анастас Вангели. Разговорот ќе три основни насоки:
непосредниот повод, укинувањето на воениот рок, со што е поврзана
изложбата „Армитаж“, која во Точка се отвори пред неколку дена и на
која учествуваат дваесетина македонски уметници и која воедно е
втората насока на разговорот; третиот слој на разговорот би требал да
ги обединува другите слоеви и да се обиде да одговори на насловното
прашање: што, навистина, може да направи македонската младина денес?
Разговорот е последниот настан во културниот центар Точка на сегашната
локација ул. Илинденска 38, Скопје.
Ке ни биде задоволство доколку присуствувате на овој разговор.
|