|
Ве известуваме дека во сабота, 27 мај, со почеток во 21 часот, во
Културниот центар Точка ќе биде отворена групната изложба Армитаж. На
изложбата учествуваат повеќе од 15 уметници од Македонија, меѓу кои
Лјубиша Камењаров, Ѓорѓе Јовановиќ, Бранко Прлја, Филип Јовановски,
Владимир Лукаш, Димитар Самарџиев, Атанас Вангели, Горан Атанасовски,
Ангел Миов, Сачко Илов, Вук Митевски, Марко Петрушевски, Никола
Гелевски, Мирослав Стојановиќ – Шуки, Александар Станковски, Жанета
Вангели, Миле Ничевски и Оливер Мусовиќ.
Изложбата е конципирана околу искуствата на уметниците за армијата, за
нивното учество, т.е. неучество во армијата.
На следниот начин, еден од учесниците на изложбата, Димитар Самарџиев,
го објаснува концептот на изложбата.
“Дозволете да се обратиме преку делата изложени во еден од најмалите
музеи посветени на војската и воените игри. Историјата на овој музеј
започнува со замислата на Ѓорге Јовановиќ да организира изложба по
повод укинувањето на обврската за служба во АРМ која важеше за сите
државјани на Р. Македонија од маски пол кои беа на возраст од 18 до 27
години и ги задоволуваа психофизичките мерила пропишани од докторите
по воена медицина.
Но, веднаш се запрашавме: Зарем треба да изведеме апологетска изложба
со мото - раката да му се позлати на министерот што го потпиша актот
за ослободување од воената обврска?! Зарем нашата совест треба да
престане со приговорите?! Зарем да ја сведеме изложбата на збирка
носталгични војскини-врзи сувенири и да си свиркаме воен рок, реге-рут
и вој-ска?!
Не, ние не го одбравме ставот Мир-но!
Секој учесник го изложува својот ст(р)ав кон војскастрираниот живот во
рамките на насилните ропштествени односи што владеат на Земјата. Некој
споредбено и врз основа на сопственото искуство тргнува од гледичтето
АРМ-и-јас, или бев/не бев во-ЈНА, на друг му се дига знамето, трет
облечен во гардиска униформа со палета во едната и четка во другата
рака размислува дали војската и војувањето може да помине како масовен
бодѕ-арт или интервенција во просторот. Некој ја изложува својата коса
што морал да ја отсече пред да го војничкосаат. Некој ги разгледува
начините на кои војскакулците се гостат со дезертерството, лажните
лекарски уверенија за неспособност, паѓањето испити со години и
запишувањето на постдипломски студии за да го одбегнат вкусот на
А-Р-Ми-Фа-Сулј. Некој ја гледа единката како паравојска за себе, нешто
како песната Армѕ Оф Ме на Бјорк. Друг фрла поглед врз
милитаристичката индоктринација на децата преку дизајнот на играчките.
Па, следува кус осврт кон историјата на гејрилските стртегии од
антиката до денес. Па, војничките чизми со својата неодолива арома што
ја создава толку интимната атмосфера во касарните и збрката кој чии
чизми ги носи и дали му одговара бројот. Некој укажува на неуморната и
цврста војничка рака со која се чисти нужникот, се светнува подот и
целиот армијалник, вредно се изработуваат упатствата за глупотреба на
прекинувачите за струја, штекерите, телевизорот и се самозадоволува
војникот. Сето ова, а и многу друго можете да го видите и доживеете
само во музејот АРМИТАЖ. А турата можете да ја заокружите со тоа што
че се фотографирате како војникој и ничто за спомен и долго сечавање.
Ние трепериме додека си играме “Сакате ли војна?” затоа что и понатаму
живееме во секојдневие что наликува на цртаниот филм “Чееп Ин Тхе Биг
Цитѕ” каде что Генерал Специфик ја прогонува овцата за да ја пикне во
ласерскиот топ наместо батерија. Се учте сме заложници на државното
насилство отелотворено во полицијата и војската, со таа разлика что
отсега и во војската ќе има само платеници.”
Ова е последната изложба во Културниот центар Точка, во просториите на
Илиндеска 38. Би сакале да ве известиме дека Точка, која беше дел од
проектот “Слевање на маргините” на НВО Контрапункт, наскоро ќе има
нови простории, кои ги додели Министерството за одбрана на Р.
Македонија. Ова е почеток на еден нов процес за кој НВО Контрапункт ќе
се залага во својот проект “(Ре)дефинирање на јавните културни
простори”.
|