Би сакале да Ве известиме дека утре
(вторник, 08.05) со почеток во 21 часот во просториите на културниот
центар Точка ќе се одржи промоција на романот Бумбаров мед од
шведскиот писател Торгни Линдгрен. Промотор на изданието ќе биде
академик Влада Урошевиќ. На промоцијата ќе биде присутен и авторот,
кој ќе одговара на поставени прашања на присутните.
Торгни Линдгрен е еден од најпознатите современи Шведски прозаисти.
Романот Бумбаров мед е второ дело на Торгни Линдгрен во превод на
македонски јазик. Овој роман е објавен во 1995 година и претставува
трогателна приказна од внатрешноста на Вестер Ботен. Приказната
едновремено е и едноставна и мошне комлицирана. Животната приказна на
двајцата браќа заробени во доживотна меѓусебна зависност и омраза,
добива нова димензија со појавата на жената што при крајот на нивните
животи станува гласник што по многу години ќе ја овозможи, но на
крајот и инсценира нивната комуникација. Една величествена и трагична
историја, напишана со препознатливото чувство за фин стилски баланс
што во основа ги карактеризира делата на овој автор.
Оваа впечатлива приказна, осветлена со темни тонови, што Торгни
Линдгрен ја раскажува низ средовечната жена писател и нејзината улога
меѓу двајцата болни браќа на умирање, Хадар и Улоф, претставува круна
на една од најплодните фази во творечкиот опус на Торгни Линдгрен што
ги опфаќа и сродните романи на теми од северниот дел на Шведска,
Норланд – какви што се Патот на змијата и Светлина – книги што му
обезбедија место на еден од најзначајните и најпопуларни шведски
писатели.
Неговото гостување во културниот центар Точка е во контекст на
овогодинешниот саем на книгата, каде што тој ќе остави средби со
читателите и ќе биде еден од говорниците при отворањето на саемот.
Ве покануваме да бидете дел од оваа прoмоција.
|