Точка

 Што е точка | Архива на настани | Графички материјали |



“Збунета природа”
Lewis Eichele (USA)
 

Понеделник, 08.05.2006, 20.00 часот

 

 

 

Lewis Eichele е стипендист на Фулбрајтовиот колеџ, неговите интереси се движат во насока на изучувањето на уметноста и историјата на уметноста, паралелно. Изложбата е завршен дел од неговиот 8 месечен престој во Македонија, и воедно прво негово претставување кај нас. Главниот фокус на интересирање е преку комбинирање на медиумите: фотографија, слики, инсталација, да го прикаже неговото искуство и перспектива од 8 месечниот престој во Македонија. Овој начин на работа, создавање дела преку лично искуство и проуцување на една средина, е продолжение на дипломската работа која ја остварил во Чикаго.


Мојот поглед на уметноста е дека секоја индивидуа има единствена визија за светот. Создавање уметност која ќе го рефлектира личното и понекогаш политичкото гледиште на светот што го гледам околу мене го сметам за моја одговорност. Тековните трендови како што се зголемувањето на вештачката околина, глобализацијата и современата персепктива на материјалите мене ми е многу значајна. Мојата уметност може да се посматра како дијалог помеѓу природното и измислените светови бидејќи се обидувам да создадам метафори за двете.

За мојот Фулбрајтов проект, дојдов во Македонија да ги проучам влијанијата на малата, но развиена современа сцена овде. Фасциниран сум од богатството на историски слоеви, социјалната состојба која се рефлектира во многу развиени места во светот. Многу луѓе ме прашуваат зошто ја избрав токму Македонија за студирање и правење уметност. Мојот едноставен одговор е дека Македонија е на “средина од сето тоа” во повеќе од еден начин.

изјава на уметникот


 


дома

 
 Контрапункт | Точка | Слевање на маргините | Маргина | Галерија |