“КОД: ЦРВЕНО – Источно од рајот”
Презентација на Тадеј Погачар од
Љубљана, Словенија.
|
|
|
|

Чест ни е да ве поканиме на “КОД: ЦРВЕНО – Источно од рајот” - јавна
презентација на современиот уметник Тадеј Погачар од Љубљана,
Словенија. Во текот на презентацијата гостинот од Љубљана ќе зборува
за своите релациони уметнички проекти кои се остварени во текот на
последниве пет години во рамките на активностите на P.A.R.A.S.I.T..E.
- Музејот на современа уметност во Љубљана. Во своето предавање
Погачар најмногу ќе се задржи на проектот КОД: ЦРВЕНО.
КОД: ЦРВЕНО е мултидисциплинарен, мултимедијален колаборативен проект
кој ги дискутира и истражува неформалните економски модели,
само-организацијата, глобалната сексуална работа и шверцот. |
Економијата на сексуалната работа е витален извор за приход на
различни сегменти на популацијата на сите континенти, сегменти што се
исклучени од доминантната економија. Најесто на проституција се
принудени социјалните групи кои не се привилегирани (жените или
децата), што симболички и реално живеат на границата или надвор од
општеството, кои се стигматизирани и на кои им се одречени човековите
права. Проектот КОД: ЦРВЕНО вклучува различни форми на заеднички
операции со експерти, научници и активистички групи од истражувања,
акции, само-помош до јавни манифестации, изложби и слично. Проектот се
случува во и вон уметнички контекст, а P.A.R.A.S.I.T.E. - Музејот за
современа уметност соработува во тие акции според принципот на
дијалог, тимска работа и релации на еднакви партнери со групи и
индивидуи.
Со КОД: ЦРВЕНО Погачар активно интервенира во постојните ситуации и
истражува нови начини и форми тие да се изменат. Тој исто така го
отвора уметничкиот простор за занимавање со социјалните, економските и
политичките проблеми и нивно решавање. Проектот КОД: ЦРВЕНО за прв пат
беше презентиран на 49 Венециско биенале, а потоа и на Хумболтовиот
универзитет во Берлин, галеријата Спарњассер ХЉ Галлерѕ, Берлин и НЕОН
во Болоња. Во 2005 година Тадеј Погачар учествуваше на Меѓународното
уметничко биенале во Прага - Национална галерија во проектот
Работнички клуб на Сузана Милевска која е куратор и на ова гостување.
Последниве 5 години Тадеј Погачар и P.A.R.A.Z.I.T.E. Музеј на
современа уметност соработуваат со многубројни групи и активисти:
-Comitate per I Diritti Civili delle Prostitute, Pordenone, Italy;
-COSWAS, Taiwan;
-CWDA, Cambodia;
-Global Aliance Aginst Trafficking in Women, Bangkok;
-PONY, New York;
-SACRD, New York;
-COYOTE, San Francisco;
-IOM Zagreb;
-AAGW, Tirana etc.
контакт:
http://www.parasite-pogacar.si |
|
◄
дома |
|