ПАРИ
изложба на уметничката група АУ!
во соработка со КАПКА
Вторник, 25 април 2006, 21.00 |
|
|
|
|

На 25.04.2006, во 21.00 часот, во просториите на Културниот центар
Точка, се отвори изложбата на групата АУ! насловена “Пари”. Групата ја
сочинуваат петмина автори, апосолвенти на ФЛУ, Скопје и специјалниот
гостин организацијата КАПКА. |
|
Изложбата ги третира парите како еден од најзначанјите
фактори за уметничко делување. Изложбата го разработува проблемот со
имање/немање пари, како тоа влијае на нивното секојдневие, кои се
начините да се дојде до пари. Нивниот став е дека има доволно пари, но
постојат препреки да се дојде до нив. Ова е нивна втора изложба.
Изложбите ги работат тематски, со фокус на обработка на теми од
нивното секојдневие. Пораките, се трудат да ги пренесат доста
“буквално”, со директна асоцијација кон она што се прикажува.
“Пари” е втората изложба на групата АУ! (со отворено членство) на која
тие се претставуваат со скулптури, слики и инсталации. Паралелно со
уметничкиот, АУ! се застапува за “психо(ре)активниот” принцип во
создавањето/изведувањето на нивните дела. Таа тежнее да го анимира
посетителот на изложбата и од пасивен набљудувач да го “трансформира”
во активен (со)дејствувач. Организацијата КАПКА (Креативен активизам
преку пародија, критика и алегорија) исто така се претставува по втор
пат пред публиката, со печатен материјал (во вид на весник) во кој се
обработуваат содржини на тема пари, мито и корупција, телевизија
(реалните шоуа, рекламите, вестите) итн. |
|
|
◄
дома |
|