Точка

 Што е точка | Архива на настани | Графички материјали |

 



КАРПА ЖИВА, ПЕРИЦА САРЏОВСКИ
промоција на поетска збирка
 

Во петок, 03.03.2006 година, со почеток во 20 часот во Културниот центар Точка ќе се одржи промоцијата на поетската збирка Карпа Жива од Перица Сарџовски.

 



Книгата е во издание на издавачката куќа Современост, а промоцијата ќе биде проследена со видео арт презентација. Книгата ќе ја претстават Васил Тоциноски и Ратко Младеноски, а за видео арт проектот ќе зборува Мери Каталиниќ.

Карпа Жива преставува спонтан плод на едно мистично патешествие низ призорите на човековата потсвест. Составувана како болно лупење на старо кожувиште од ризниците на македонската потсвесна историја, во директен конфликт со суровата и лицемерна идеолошка хендикеприраност на македонската политичка реалност, Карпа Жива “бележи сведоштво за еден голем пад”, пад кој води до дното на човековата (а)морална бездна и ја допира примарната струја на човековите нагони, онаа зовриена страст која тлее длабоко некаде во македонскиот ген и од која се чека ”да зароди вулкан”...

 

 


дома

 
 Контрапункт | Точка | Слевање на маргините | Маргина | Галерија |