"ОNА 3"
(втор дел)
од
Верица Ковачевска
видео / перформанс
Во среда, 22.02.2006, во 20.00 часот, и во среда, 22.02.2006, во просториите на Културниот центар ТОЧКА во Скопје ќе биде претставен
вториот дел од проектот под наслов
ONA 3 на младата уметничка Верица Ковачевска. |
|
|
Авторката го става акцентот на проектот ONA 3 токму на овој втор дел, во кој публиката има централно место, и кој се состои од презентираwе на документацијата од настанот кој што се случи претходната вечер. Проект се надоврзува на јавните акции и перформанси кои најчесто ги работи Ковачевска (истите ги документира со фотографија, видео и текст) и претставува директно продолжение на серијалот Opening Night Audience, изведен во 2004 година во Комо, Италија; и Opening Night Audience 2, изведен во 2005 година во Милано, Италија. Обезбедувајки фото документација од вечерта на отвораwето на изложбата, која е поставена на yидот од галеријата, секој посетител го креира уметничкото дело, односно станува уметничко дело.
Верица Ковачевска е родена 1982 година во Скопје, Македонија. 2004 година дипломира на Универзитетот Плимут, Факултет за уметности - отсек Визуелни Уметности со Театар и Перформанс во Екситер, Велика Британија. Истата година учествува на 10тиот курс по Визуелни Уметности, воден од Xими Дурхам, на Фондацијата Антонио Ратти во Комо, Италија. Досега учествувала на повеќе групни претставуваwа и работилници во Велика Британија, Италија и Русија, а македонската публика имаше можност да ја запознае работата на Ковачевска во 2005 година преку нејзината самостојна изложба Learning to Love Me (Младински културен центар) и преку нејзините учества на групните изложби во Музеј на современата уметност - Скопје (Преку границите, 7. Биенале на младите уметници и Art Now! Прослава на британската и македонската изведувачка и визуелна уметност во чест на роденденот на Нејзиното Височество Кралицата.) и Велес, Културна Офанзива! Операција Велес, Денови на културна размена.
Целокупниот проект ќе биде претставен до 27.02.2006.
|
|