|
"ТУРЛИТАВА",
Искра Беличанска
изложба на стрипови
|
На 03.02.2006, во 20.00 часот, во просториите на Културниот центар Точка, ќе се отвори изложба на стрипови насловена Турлитава на Искра Беличанска.
На изложбата ќе бидат претставени неколку различни циклуси, колор и црно бели. Досега има учествувано на повеќе меѓународни фестивали, колонии и групни изложби. Ова е нејзино прво самостојно претставување во Македонија.
|
|
|
Од “Искра со нови идеи”
...графички листови како своевидна
илустрација на зборовите на својот сопруг Дани Каваш*. Врз неговите
остри, постмодерни, кратки литературни истражувања Искра гради
философски стрип, во кој ликовноста е во ефектна служба на идејата.
Духот на современиот човек е насочен кон широко размислување, кон
самосознание и кон критика. Новата култура инсистира тоа да не биде
само говорен дискурс, туку да биде проследен со сите средства на
духовната комуникација. А ни видеото, музиката, перформансите, разните
визуелни творби не се стегаат пред литературниот концепт, тој е мошне
често нивна основа. Стриповите на Беличанска се направени на еден
графички лист, стандардизирано, за да се претстави единственоста на
проектот. Ликовите, позицијата на собеседниците, духовните пресврти и
начините на претставување на искачувањата на малечките херои, формата
на насловите и впишувањето на зборовите, сето тоа покажува колку
фината ликовност може да ја надогради идејата. Стриповите на Искра се
философски интонирана визуелност.
Идеите и едноставниот, прецизен, но силен цртеж одат заедно и градат
единствени духовни дела. Донесувајќи значајни социјални и анрополошки
дилеми и резимеа, ги разгалуваат своите читатели/гледачи,
интелектуално ги поттикнуваат, го охрабруваат критичкиот став и даваат
верба во моќта на современиот дух и уметност. Насловот “Турлитава” не
зборува толку за мешавината на стилските определби, колку за духовната
сила која извира од поврзаноста на ставовите, на сознанијата и на
високите спиритуални цели на авторката.
* На оваа изложба во Скопје, проектот продолжува со својот живот.
Инспириран од цртежите на Искра Беличанска, Никола Маџиров пишува нови
текстови, и стрипот добива сосема ново текстуално значење.
Биографија на Искра
Беличанска

Погледнете некои од стриповите на Искра Беличанска
 |