Точка

 Што е точка | Архива на настани | Графички материјали |

 



Проекција на филмот Самариќанка од Ким Ки-дук

Во вторник, 23.11.2005 во 21:00 во културниот центар Точка ќе биде прикажан филмот Самариќанка од Ким Ки-дук.

 



Режисерот Ким Ки-дук е познат како enfant terrible на Кореја. Ова е негов десетти филм, и по третпат со филм во конкуренција на Берлин. Ова е и неговата прва награда - Сребрена мечка за најдобра режија. Наградата е повеќе од заслужена. Со филмовите на Ким Ки-дук нема средна линија, или ги сакате или не ги сакате неговите филмови, никогаш не ја напуштате салата рамнодушни.
“Самариќанка” не е толку насилен како и повеќето негови филмови, но треба да сте подготвени за тешка приказна без среќен крај.

Две млади школски другарки Јео Џин и Џае - Ѕанг се најдобри другарки. Тие избираат необичен начин да заработат пари за пат по Европа: Џае-Јанг се проституира со постар маж, додека Јео-Џин изигрува макро. Бегајќи од полициска рација Џае Јанг умира. Јео-Џин е уништена. Таа не може да разбере како Џае Јанг може да се секса со “перверзни” но чувствува огромно чувство на вина. Како дел од непреболот таа трага по муштериите на им нуди секс, не прима пари и дури им ги враќа парите што и ги дале на Џае-Јанг. Јео-Џин живее сама со нејзиниот татко-вдовец, полициски детектив. Тој открива што прави ќерка му и почнува да ја следи. Ги претепува нејзините муштерии, без да и каже на својата ќерка. Но, еден ден малку посилно удира еден муштерија...

 
   
ПОГЛЕДНЕТЕ неколку слики од филмот  
   
ЧИТАЈТЕ НА Internet Movie Database:
...
за филмот Самариќанка
...за режисерот Ким Ки-дук


 
 
 Контрапункт | Точка | Слевање на маргините | Маргина | Галерија |