ARTCRAFT, моден перформанс на Благоја Мицевски
На 16.11. 2005 година, во 20.00 часот, во просториите на Културен центар Точка, ќе се изведе моден перформанс на Благоја Мицевски насловен ARTCRAFT. |
|
|
Авторот
на изложбата е добитник на 8 национални награди за најдобра
костимографија и 1 за најдобра сценографија. Покрај големото присуство
на нашите театарски сцени вредно е и да се спомене неговата работа во
театри во Холандија, Белгија и САД.
Самото значење на овој перформанс како и процесот на создавање го
објаснува авторот:
“ARTCRAFT” е кованица создадена од зборовите: ART - уметност и
CRAFT - занает. Тоа е име на уметничкиот проект што се занимава со
односот на тие два чинители, или поточно со прашањето каде занаетот
преминува во уметност и обратно, уметноста во занает. Самиот проект е
составен од две одделни целини. Првата е инсталација во простор,
создадена од висечки хартиени кроеви за машко палто околу една
кројачка кукла, и се занимава со создавање тродимензионален простор од
многудводимензионални елементи, на ист начин и принцип како што од
парче текстил може да се произведе машко палто. Вториот дел од
изложбата всушност е еден краток филм кој со помош на современата
технологија, тродимензионалната стварност ја претвора во
дводимензионална слика. Филмот сам по себе претставува еден долг низ
експресивни визуелни моменти кои го следат животот на една кројачка
кукла низ различни простори и ситуации, а на суптилен начин говори за
загриженоста од изумирањето на занаетите овде и сега. Филмот го сними
Александар Христоски и на неодамнешниот фестивал Браќа Манаки ја доби
наградата за специјален уметнички придонес во документарниот филм, во
конкуренција на кратки филмови.
ПОГЛЕДНЕТЕ НЕКОЛКУ ФОТОГРАФИИ
ОД ПЕРФОРМАНСОТ

|