Точка

 Што е точка | Архива на настани | Графички материјали |

 

 

 

Кaтрин Бреја
сценарист, режисер
 

родена 13 јули 1948, Франција
активна од 70-тите
земји Франција
жанрови драма, комична драма, авангарда, експериментален филм
 
БИОГРАФИЈА

Автор и режисер Катрин Бреја се стекна со репутација на еден од најконтроверзните жени автори во современата уметност и литература за нејзината работа, која често се фокусира на еротските и емоционалните животи на младите жени, раскажано од женска перспектива.

Родена во Франција во 1948, Бреја развива репутација за предизвикување на моралните норми; на 17 години, таа ја објавува својата прва новела, L'homme Facile, која веднаш станува позната заради јазикот и отворениот опис на сексуалноста. Контроверзата предизвикана од L'homme Facile ù дава на Бреја доволно признание за да може да изгради кариера на писател. Меѓу 1968 и 1975 таа објавува три новели и една драма и се појавува на големиот екран со мала улога во “Последното танго во Париз” на Бернардо Бертолучи. Во 1975, Бреја се “преселува” позади камерите преку пишување, дизајнирање и режирање на Une Vraie Jeune Fille, кој беше адаптација на една од новелите на Бреја. Потоа пишува сценарио за уште два филма и глуми во еден, пред да го режира нејзиниот втор филм Tapage Nocturne, во 1979, исто така заснован на една од нејзините новели. По овие два филма и многу (често непријателска) критика по весниците, но многу малку пари, кариерата на Бреја како режисер паузира. Продолжува да пишува сценарија (вклучувајќи го и сценариото на E La Nave Va на Фелини), но дури во 1988 се појавува со нов филм, 36 Fillette, кој создава предвидени бранови контроверзија, но исто ù донесува доволно финансиски средства да може да направи следен филм само по две години, Sale Comme un Ange. Меѓутоа, вистинскиот меѓународен пробив за Бреја доаѓа во 1999; Romance, занимавајќи се со проблемот на една учителка чија врска со нејзиното момче се распаѓа, водејќи ја во различни сексуални авантури со други мажи, беше еден од првите филмови кои прикажале експлицитен сексуален однос во мејнстрим кината во Европа и САД. Romance предизвикува низа критики (од кои голем број позитивни) во главните весници и списанија и конечно ја поставува Бреја на заслуженото место надвор од родната Франција.


« назад

 
 Контрапункт | Точка | Слевање на маргините | Маргина | Галерија |