Точка

 Што е точка | Архива на настани | Графички материјали |

 



ОАЗА, изложба на Паула Миклошевиќ Мур

На 07.11. 2005 година, во 20.00 часот, во просториите на Културен центар Точка, беше отворена изложбата „Оаза“ на Паула Миклошевиќ Мур.

 



Погледот не господари со сликите, туку сликите господарат со погледот. Тие ја преплавуваат свеста.

Густав Јанух, Разговори со Кафка


Порнографската фотографија е пример за монотона фотографија. Наивна во својата баналност, како што кажуваше Барт. Секогаш базирана врз претставување на само едно нешто. С* додека во нејзината хомогеност не се појави пукнатина. Куклите како главни актери во прецизно режирана претстава на девијантен сексуален чин. Жива слика на мртви предмети - кукли што се направени да личат на вистински. Вештачкото тело како објективизација на идеалот, но и негово поништување. Од друга страна, фотографиите на жените што позираат како да се кукли - чисти објекти за предизвикување на желбите на другиот. Фотографија која, во овој случај, умртвува. Амбивалентност на вистинското и живото. Жива неподвижност која на перформативно ниво е неуспешна - немоќна да предизвика желба. Оксиморон. Игра на двојна измама. Очигледноста ја уништува илузијата на еротскиот фантазам. На тој начин, императивот за уживање се претвора во тавтологија. Повторување. Изворот на желбата истовремено е и нејзина препрека. Недостатокот е заменет со објект чија лажна суштина се конституира низ самиот чин на набљудување. Пренатрупаност со деталите чиј кумулативен ефект е на работ од комичното. Неприродните пози предизвикуваат недоумица. Фрагментите одбиваат вештачки да бидат вклучени во целината. Во полето на желбата се јавува дисторзија. Изостанува автентичната сетилност. Утописката конструкција која се обидува да го озакони правото на уживање, парадоксално, доведува до негово анестезирање.

Паула Миклошевиќ Мур

ПОГЛЕДНЕТЕ НЕКОЛКУ ФОТОГРАФИИ ОД ИЗЛОЖБАТА

 
 Контрапункт | Точка | Слевање на маргините | Маргина | Галерија |