На западот познат пред сè по неговите Tora!
Tora! Tora! (1970) и контроверзниот Battle Royale (2000), некомформистичкиот јапонски режисер Kinji Fukasaku се етаблира со серија на јакуза филмови за
Toei Studio, но
добива интернационално признание по преземањето на Tora! Tora!
Tora! од Akira Kurosawa, кога легендарниот
режисер се откажува од филмот.
Fukasaku е роден во Мито, Јапонија, во 1930 и прави филмско деби со High Noon
for Gangsters во 1961. Иако студиски режисер, тој изградува современи крими
филмови како критика на општеството и во спротивност со популарните филмови за самураи
од
тој период. Неговите рани обиди обезбедуваат совршен
вентил
за режисер фрустриран од сивата реалност на повоената Јапонија. Водејќи се од
италијанскиот неореализам, Fukasaku продолжува да го
гради
сопствениот стил
кој расцутува во 1960-тите. Подоцна со експлозивниот Black Lizard, станува
јасно дека Fukasaku е режисер чии
таленти биле ограничени од страна на јапонскиот
студиски систем.
Проучувајќи го темното подземје на криминалот и постојано заматувајќи ја линијата меѓу доброто и лошото во неговите “Воени серијали” ("Battle
series"), (кои започнуваат со Battles Without Honor and Humanity од 1973),
неговите брутални и
зајадливи
филмови го отсликуваат криминалниот живот каков што ретко бил виден од јапонската публика. Убеден од студиото да продолжи со правење на слични филмови долго откако ги
исцрпил креативните сили
на таа тема, Fukasaku започнува да истражува
други сфери следејќи го колапсот на студискиот систем. Иако кратко
време потоа тој се “плетка” со самурајските филмови, наскоро го снима филмот
со најголем буџет во историјата на јапонскиот филм, интернационалната
ко-продукција Virus (1980). Предводен од јапонски и американски филмски
ѕвезди, филмот раскажува мрачна приказна за уништувањето на светот со епски
димензии. The Fall Guy (1982), снимен кусо потоа, му овозможува на Fukasaku да
го искаже незадоволството од ограничувањата на студискиот систем и му донесува
многу награди. Продолжувајќи да работи во следните децении, во новиот милениум
Fukasaku го прави најконтроверзниот филм во неговата кариера, Battle Royale
(2000), кој, повторно, се занимава со фрустрациите од
јапонското општество, предизвикува многу контроверзи во Јапонија и светот,
поради вознемирувачките слики на деца
заробени во свет на компјутерски смртоносни боби. Издаден како предупредување на младината во Јапонија,
Battle Royale беше огромен хит и не помина многу време пред да биде снимено
продолжение. За жал, кусо време откако продукцијата на Battle Royale 2 започна,
веќе остарениот режисер објавува дека му е дијагностициран рак на простата.
Борејќи се со постојано влошувачкото здравје, Fukasaku
е
примен во болница
во декември, каде
умира
на 12 јануари 2003. Филмот во 2003 го
завршува неговиот син Kenta Fukasaku.
|