|
Анимациите се поделени во три категории: 3Д анимација, Stop-Motion
анимација и Cell или традиционална анимација.
Селекцијата е разновидна и не претендира да се фокусира на одреден
стил. Токму заради тоа на едно место се среќаваат филмови на
реномирани анимациски студија како: Pixar, Blue Sky, Aardman, заедно
со филмови на реномирани независни аниматори Jan Svankmayer, Bill
Plimpton. Во изборот се застапени и дела на се уште, не толку познати,
но квалитетни автори и неколку студентски филмови кои со својата
инвентивност заслужија да бидат прикажани. Дел од претставените
филмови се: The Cathedral, Fallen Art и оскаровците Gerry’s game и For
the Birds.
Изборот го направија Орде Стеваноски и Јана Пејоска, кои воедно ќе ја
водат и проекцијата.
|