Точка

 Што е точка | Архива на настани | Графички материјали |

 



Филмската програма во Точка продолжува со проекција на филмот "Лошо момче" од Ким Ки-дук
 

Во вторник, 11.10.2005 во 21:00 во рамките на филмската програма ЛАФ-ФИЛМ-МУАБЕТ во Точка ќе се одржи проекција на филмот Лошо момче од Ким Ки-дук.

 



Со големо задоволство Ве известуваме дека утре 11.10.2005 година со почеток во 21.00 стартува филмската програма во културниот центар Точка. Во следните четири недели ќе бидат презентирани филмови што ќе се занимаваат со проблемот на проституцијата. По завршувањето на циклусот од четири филма ќе следи разговор со Марко Петрушевски и Жарко Трајаноски, кои ја подготвија оваа филмска програма.

Утре почнуваме со филмот Лошо момче на кореанскиот режисер Ким Ки-дук.
 



 

куса содржина
Еден локален макро шетајќи се центарот на Сеул забележува студентка од средната класа како седи на една клупа во парк. Привлечен од нејзината убавина, тој седнува до неа, но откако ќе го забележи, таа си заминува. Навреден од оваа постапка, а истовремено силно привлечен од нејзината убавина, тој развива план да ја спушти да неговото ниво и да ја направи проститутка.

Ве покануваме да н
è посетите и да го погледнете овој провокативен филм...


ЧИТАЈТЕ:
...
за филмот „Лошо момче“ од Ким Ки-дук

 

 
 Контрапункт | Точка | Слевање на маргините | Маргина | Галерија |