|
КРАТКА БИОГРАФИЈА:
Иван Блажев е роден 1974 год. во Скопје. Завршил студии по филмска
режија на Бруклинскиот колеџ при Градскиот универзитет на Њујорк.
Работи како фотограф и режисер. Автор е на неколку кратки играни и
документарни филмови со кои учествувал на меѓународни филмски
фестивали, како и на повеќе рекламни и музички спотови. Од 2001 год.
почнува интензивно да се занимава со фотографија и работи на
само-иницирани документарни фотографски проекти. Со свои фотографии
учествувал на неколку групни изложби, а во јануари 2004 год. ја
реализира својата прва самостојна фотографска изложба. Објавува
фотографии во дневни весници и часописи. Во декември 2004 год.
излегува од печат неговата прва книга со фотографии, „Блесоци -
Иницијативи за безбедно училиште” во издание на Македонскиот центар за
фотографија. Предава Фотографија и Филмска уметност во НОВА гимназија
во Скопје.
ЧИТАЈТЕ:
...од рецензијата на Искра Гешоска

 
 
|